Нудиме целосни технички проекти со 2D цртежи во AutoCAD и 3D визуелизации во 3DMax и V-Ray, спремни за изведба. Опфаќаме сите фази: рушење, ѕидање, инсталации, изолации, пресметки и количини. Дополнително, обезбедуваме избор на материјали и изведувачи за ѕидови, подови, прозорци, врати, расвета, мебел, завеси, растенија и сè друго што е потребно за комплетно опремување.

Ние ги обликуваме нашите градби, а потоа тие нè обликуваат нас.Winston
Churchill
Работно искуство
Успешна соработка
проекти
Последни проекти
Кафе бар Dublin – Охрид
Викенд куќа Марков Манастир
Давид Компјутери Скопје
Open GI Macedonia, Скопје Центар
Детска соба Јан
Entire Logic, Охрид
Кафе бар Жапон
Семеен објект за домување Варвара
Дипл. Инж. Архитект Лидија Маленкова, е еден од најентузијастичните архитекти кои сум ги запознала. Вистински професионалец кој е целосно предаден на својата професија, високо посветена и одговорна со силни комуникациски и интерперсонални вештини.
Со Лидија имаме веќе долгогодишна успешна соработка, и можам да потврдам дека би ја избрале повторно доколку ни се укаже можност поради нејзината посветеност, креативност и иновативност. Со Лидија соработувавме на два проекти со вкупна површина од 1700 м2:
- Synergy: уредување на нашите деловни канцеларии во деловниот центар Synergy, кој покрај планирањето вклучување и изведба на целосниот дизајн. Соработката со Лидија беше на високо ниво, одговори на сите наши барања, ни излезе во пресрет во моментите кога бевме неодлучни и трпеливо не насочуваше. Целосно ни ги долови канцелариите со изработката на 3D моделите кои ни помогнаа полесно да донесеме одлука и да го испланираме буџетот.
- Капиштец: Внатрешно уредување на нови деловни простории на две нивоа, преку пренаменување на простор. Во овој проект Лидија беше проектант и надзор, и успешно се справи со сите непредвидливи ситуации кои произлегоа при изведбата, како недокументирани цевки на сред соба, ѕидови кои не можеа да се рушат и слично кои беа пропусти на сопствениците. Уште еднаш ни докажа дека е наш партнер и дека ќе направи се што е можно од нејзина страна за да ги задоволи нашите очекувања.
Морам да нагласам дека и двата проекти беа со кратки рокови и вклучуваа соработка со најразлични изведувачи кои Лидија со леснотија ги изменаџира.
Лидија е посветен и страстен работник, модел за квалитет и исклучителен професионалец на кого секогаш може да сметате.
Имам задоволство, неколку години наназад да соработувам со Лидија Маленкова. Јас, како управител на ДДМ инженеринг, можам да кажам дека од прв момент стекнав доверба во нејзе затоа што од почеток покажуваше исклучителни вештини, професионализам и креативност во областа на архитектурата и внатрешниот дизајн.
Како искусен архитект специјализиран за внатрешен дизајн, Лидија Маленкова постојано ја демонстрираше својата способност да конципира и изведува извонредни дизајни кои беспрекорно ги спојуваат функционалноста, естетиката и практичноста. Нејзиното остро око за детали и длабокото разбирање на архитектонските принципи и овозможуваат да ги трансформираат обичните простори во извонредни средини кои одговараат на уникатните потреби и аспирации на клиентите.
Лидија Маленкова успешно работи на разновиден спектар на различен дизајн на нашите станбени единици кои ги нудиме во продажба во нашите маркетинг објави, за секој нов објект кој го изведуваме. Без разлика дали создава пријатна и привлечна атмосфера за станбен проект или развива врвен дизајн за модерен и пријатен деловен простор, Лидија постојано дава исклучителни резултати кои ги надминуваат очекувањата.
Покрај нејзините извонредни дизајнерски вештини, Лидија поседува и примерни способности за управување со проекти. Таа постојано демонстрира способност за ефективно управување со временските рокови. Нејзините силни организациски вештини и вниманието на деталите гарантираат дека проектите се извршуваат непречено и ефикасно од почеток до крај.
Покрај нејзината техничка експертиза, со Лидија Маленкова е задоволство да се работи. Таа поседува одлични комуникациски вештини, овозможувајќи јасно да ги пренесе своите идеи и внимателно да ги ислуша повратните информации од другите.
Како заклучок, најтопло ја препорачувам Лидија Маленкова како дизајнер, поточно проектант за внатрешно уредување. Нејзиниот исклучителен талент, долгогодишното искуство и извонредните интерперсонални вештини ги прават драгоцено богатство за секоја компанија каде ќе проектира. Не се сомневам дека таа ќе продолжи да напредува и да се истакнува во нејзините професионални потфати.
За Лидија има многу што да се каже. Таа не е само одговорен и совесен соработник. Таа е и искрен пријател што несебично ги споделува со вас своите најдлабоки емоции и креативни идеи.
Нејзината работа во нашите проекти од областа на ентериерот и дизајнот, изразува извонредна креативност, професионалност и ефикасност. И покрај многуте професионални ангажмани, Лидија е способна да ги испорача доверените задачи во исклучително кратки рокови, без компромиси во однос на квалитетот.
Нивото на работата е толку високо, што корекции во нејзините дела речиси и да не се потребни. Ова зборува не само за нејзиниот неприкосновен талент, туку и за нејзината посветеност кон постигнување совршенство во поглед на задоволување на клиентот. Таа ќе ве запознае, ќе ги истражи вашите најдлабоки вкусови и потоа внимателно ќе го сработи посакуваното.
И не само тоа, туку воочлива е нејзината благодарност кон Најголемиот Уметник, Кој ја обдарил со толку големи дарови.
Плени со смиреност и почит кон секого кога работи во тим, фокусирано слуша туѓи мислења, секогаш е спремна да научи нешто ново. Нејзината, пак, способност да се справи и со најсложените предизвици ви влева доверба дури и тогаш кога работи сама.
Лидија е дар за секој иден клиент или проектен тим. Сигурни сме дека нејзините уметнички способности и професионален однос ќе го донесат истото позитивно влијание што го донесе и кај нас.
Новости
Види ги сите
Geometric Square Villa In Germany
To mark the first UK show of artist Henri Barande My job is simple and sophisticated, so it…
Redesign Exterior Of EMME Officie
To mark the first UK show of artist Henri Barande My job is simple and sophisticated, so it…
House Near London
To mark the first UK show of artist Henri Barande My job is simple and sophisticated, so it…